More

    Што може да ја зголеми менструалната болка?

    spot_img

    Голем број жени доживуваат менструални болки, дисменореа, а знаете ли што може да ги зголеми?

    Доколку спаѓате во групата на жени кои имаат дисменореја, задолжително избегнувајте ги следните неколку работи, за да ги поминете што побезболно менструалните денови.

    Што ја интензивира менструалната болка?
    Стресот, исхраната и физичката активност не придонесуваат циклусот да се помине без проблеми.

    Напротив, сето тоа може да ја влоши состојбата, особено кај жените кои веќе имаат проблеми со болната менструација.

    Подолу е објаснето како стресот, храната и физичката активност негативно влијаат на дисменореата.

    Стресот
    Вистина е дека стресот е одговорен за многу од проблемите со кои се соочуваме во секојдневниот живот (физички и психички). Се разбира, тоа не можеше да не влијае на нашата веќе нарушена психа во деновите од тој период.

    Можеби не е лесно да се ослободите од него, сепак, можете да направите неколку вежби за да ги смирите нервите.

    Лошата исхрана
    Кога велиме лоша исхрана, не мислиме само на брза храна која го оптоварува вашето тело, туку и на фактот дека не јадете правилни оброци на секои три часа, што доведува до исцрпеност на вашето тело.

    Особено во деновите на циклусот, потребно е да јадете мали и чести оброци за да избегнете вртоглавици кои ќе ве уморат повеќе.

    Физичка активност
    Кога вашето тело се обидува да се справи со болната менструација, би било добро да не одите во теретана, да кревате тегови или да вежбате аеробни.

    Обидете се со релаксирачки позиции од јога или пилатес и прошетајте на лента за трчање, ако можете, пишува Убавина и здравје, пренесува Zadovoljna.rs.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img