More

    Шпанскиот премиер порача дека Скопје го направило вистинскиот избор

    spot_img

    Северна Македонија е во Европа, како географски, така и историски, и сега сте еден чекор поблиску до вашата посакувана цел. Можете да сметате на поддршката од Шпанија на вашите следни чекори за членство во ЕУ. Ве поддржуваме и ќе продолжиме да ве поддржуваме, изјави премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон.

    Посетата на регионот, Педро Санчез Перез-Кастехон ја оцени како симболична поради две основни причини – прво дека пред неколку дена се деблокира процесот за отпочнување на преговорите на Северна Македонија и наАлбанија со ЕУ и второ, како што рече, обединетоста против бруталната агресија на Путин во Украина.

    – Благодарност за вашата широкоградост и одговорност, што ја ставивте иднината на земјата и вашата европска визија пред било кој друг интерес. Го направивте правиот избор, го деблокиравте патот што ќе ја доведе Северна Македонија на местото каде што треба да биде – рече шпанскиот премиер на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин премиерот Димитар Ковачевски.

    Педро Санчез Перез-Кастехон порача дека од шпанското искуство со реформите за влез во ЕУ, е дека секогаш вреди да се биде дел од европскиот и политички проект – ЕУ.

    – Убеден сум дека Северна Македонија што поскоро ќе биде дел од ова – рече Санчез.

    Ние сме две земји од југот на Европа, нагласи Педро Санчез Перез-Кастехон, и нашите интереси и вредности се заеднички.

    Премиерот Ковачевски порача дека денешната посета е симбол на речиси 30-годишните одлични билатерални односи меѓу двете земји, изразувајќи благодарност за силната поддршка на Шпанија за членство на Северна Македонија во ЕУ.

    – Со отпочнувањето на преговорите нашиот идентитет, нашата посебност, она што е карактеристично македонско наше, ќе остане автентично македонско и во ЕУ од една страна, а ќе го збогати сложениот европски идентитет од друга страна – изјави Ковачевски.

    Ние го живееме европското мото секојдневно, порача Ковачевски, нагласувајќи дека нашето мултикултурно, мултиетничко општество е обединето во различностите и особено гордо на истите.

    – Ние сме подготвени за ЕУ и со цврст чекор одиме напред кон полноправно членство во Унијата. Тоа е процес од кој нема да отстапиме, бидејќи нашето место е во ЕУ. Затворивме едно поглавје и отвораме ново, европско, во кое ќе делиме европска иднина со нашите пријатели, како што е Шпанија – изјави Ковачевски.

    Тој, исто така, нагласи дека посетата доаѓа во позитивен про-европски момент за Северна Македонија, кој се планира да зајакне за време на шпанското претседателство со ЕУ.

    Посетата на Педро Санчез Перез-Кастехон на нашата земја е дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

    Санчез, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, се сретна и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img