More

    Шон Пен ќе ги стопи статуетките ако не му се даде збор на Зеленски

    spot_img

    Актерот и режисер Шон Пен изјави дека „јавно“ ќе ги стопи статуетките од наградата Оскар што ги има добиено и ќе повика на бојкот на церемонијата доколку на украинскиот претседател Володимир Зеленски не му се даде можност да се обрати на настанот.

    Во изјава за Си-Ен-Ен тој кажа дека дознал дека академијата одлучила Зеленски да не учествува во церемонијата на доделување оскарите, што се оддржува вечерва.

    – Нема ништо поголемо од тоа церемонијата со оскарите да му даде можност да се обрати пред сите нас… Ако филмската академија не овозможи на лидерството во Украина, кои примаат куршуми за да ги заштитат своите домови и своите деца, тоа ќе биде најсрамниот момент во целата историја на Холивуд – изјави Пен.

    Додаде дека ако тоа се случи, тој ќе повика колегите да протестираат и да не учествуваат на церемонијата.

    – Јас самиот, кога ќе се вратам, ќе ги стопам моите статуетки јавно – рече актерот.

    Американскиот глумец патуваше во Украина за собирање донации за настраданите од војнатаи и неколку пати се сретна со претседателот Зеленски, а деновиве е во Варшава каде завршува документарна продукција за војната на Русија во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img