More

    Шон Пен за разводот од 31 година помладата сопруга

    spot_img

    Шон Пен (61) се разведе од својата 31 година помлада сопруга Лејла Џорџ. Парот од самиот почеток на врската често го критикуваа поради разликата во годините, но тие не се осврнуваа на тоа.

    Инаку, неговата сега веќе поранешна сопруга, само неколку месеци е помлада од неговата ќерка Дилан. Шон со Лејла бил во врска од 2016 година, а иако многумина мислеле дека брзо ќе раскинат, сепак врската ја крунисаа со брак во 2020 година на тајна церемонија.

    За жал, до разводот сепак дошло, а Пен првпат проговорил на таа тема.

    Како што вели тој, за крајот на нивната врска се обвинува самиот себе, а на сопругата јавно ѝ порачал дека ја сака.

     

     

    „Постои една жена, Лејла Џорџ, во која сум многу вљубен и ја гледам само одвреме-навреме“, изјавил актерот за „Hollywood Authentic“.

    „Јас го уништив бракот. Не обрнував внимание на неа, ја игнорирав“, додал тој. Исто така истакнал дека Лејла никогаш не ја изневерил, но дека се нашол во ситуација каде сè му е важно освен семејството.

    „Ова ќе ве шокира – се покажа дека убавите, талентирани жени кои фантазираат кои се венчале за некој постар од нив, не сакаат кога ќе се разбудат од мирниот сон и ќе го затекнат истиот тој маж на каучот, пијан како гледа глупости на телевизија, а потоа во 10 часот наутро одлучил прво да си земе дупла вотка“, изјавил Пен.

    Актерот истакнал дека не знае каква е иднината меѓу него и Лејла и дали воопшто постои, но исто така изјавил и дека работел на некои проблеми кои се појавиле во текот на врската.

    „Сега не се јавувам на телефон додека мијам садови. Доколку денот го поминувам со сопругата, мобилниот телефон ми е исклучен, па дури и доколку имам обврски. Нема да ги завршам доколку имам повеќе телефонски повици. Сега можам да го оставам мобилниот телефон и да не читам вести по 12 часа дневно“, изјавил Пен.

    Сепак, тој сè уште не се откажал од апчињата за спиење, затоа што вообичаено не може да заспие, а причината за тоа не е позната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img