More

    Шолц одлучи да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина и да им дозволи на другите земји да го сторат истото,

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц одлучи да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина и да им дозволи на другите земји да го сторат истото, објави германски Шпигел повикувајќи се на владини извори. По меѓународен притисок, г-дин Шолц одлучи да испрати најмалку 14 „леопарди“, велат германските медиуми, пренесува Би-Би-Си.

    Сè уште нема официјална изјава од германската влада.

    Сепак, Мари-Агнес Штрак-Зимерман од либералната партија ФДП, која претседава со комисијата за одбрана на германскиот парламент, ги поздрави извештаите.

    – Одлуката беше тешка, траеше премногу долго, но на крајот беше неизбежна – рече таа, додавајќи дека тоа ќе биде олеснување за „малтретираниот, а храбар украински народ“.

    Една тура тенкови обично се состои од 14 тенкови. Исто толку тенкови „Челинџер“ веќе вети и Велика Британија, а толку тенкови „Леопард“ сака да испрати и Полска, но чека одоборение од Германија бидејќи таа е производител.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека околу 300 тенкови Леопард ќе ѝ помогнат да ја победи Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img