More

    Шолц во центарот на истрагата за даночно затајување од 47 милиони евра

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на истражните органи поради аферата што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург.

    На 19 август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург.

    Германскиот канцелар е обвинет дека и помогнал на „Варбург банк“ да задржи 47 милиони евра, побарувања на даночните власти, за време на неговиот мандат како градоначалник на Хамбург.

    Обвинителството нареди да се претресат неговите мејлови кои ги добивал и ги испраќал преку неговата службена електронска адреса.

    Пребарувањето на дигиталната пошта беше спроведено уште во март, а дури сега е објавена оваа информација.

    Истражните органи ги „пребарале“ сите мејлови од 1 јануари 2015 година, како дел од истрагата за таканаречената афера „Кум екс“, пишува весникот „Хамбургер абендблат“, ова доаѓа од документи кои биле проследени до истражната комисија на парламентот во Хамбург.

    Конкретно, истражува колкаво влијание имала политиката врз контроверзните одлуки во врска со скандалот „Кум-Екс“.

    Во ноември 2016 година беше донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до хамбуршката „Варбург банк“.

    Во истражните документи се наведува дека Шолц имал средба со шефот на таа банка.

    Истрагата првенствено е насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање во затајување данок.

    Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека не знаел дека дигиталната пошта на Шолц била предмет на истрага.

    Од 2001 до 2016 година банкари, адвокати и инвеститори ја мамеа државата со даночни трикови за неколку милијарди евра.

    Така на незаконски начин побарале двојно плаќање на даноците, кои го платиле само еднаш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img