More

    Шок на Австралија опен: Надал отпадна од 65. тенисер во светот

    spot_img

    Бранителот на титулата и рекордер по бројот на освоени Грен слемови, Шпанецот Рафаел Надал е поразен во 2. коло на Австралија опен од Американецот Мекензи Мекдоналд со 4-6, 4-6, 5-7.Надал се повреди во финишот на вториот сет, по што побара лекарска помош. Во останатиот дел од мечот имаше проблеми со движењето, но сепак го заврши мечот и по два часа и 31 минута мораше да му ја препушти супериорноста на 27-годишниот Американец, моментално 65. рангиран тенисер во светот.

    Двократниот победник на Австралија опен (2009, 2022) беше далеку од своето препознатливо ниво и пред повредата. Откако пристигна во Австралија, каде што ги загуби и двата сингл на Купот на Јунајтед, никогаш не ја најде вистинската игра.

    За Надал, кој освои рекордни 22 Грен слемови во кариерата, ова беше најраната елиминација во Мелбурн од 2016 година, кога беше елиминиран во првото коло во пет сета од Фернандо Вердаско.

    „Искрено, многу сум задоволен од играта, особено на почетокот. Играв добро, сервирав перфектно и ги вратив почетните удари. Но, во третиот сет беше доста напорно. Сепак, најдов начин да ја извлечам победата. Среќен сум“, изјави Мекдоналд, чија победа беше само втора негова во 15 меча против играч од првите десет.

    „Надал е голем шампион, во каква ситуација и да се најде, никогаш нема да се откаже. Секогаш е тешко да се победи толку голем противник. Но, морав да останам фокусиран на мојата игра, но неговата повреда малку ме исфрли од колосек“, изјави Мекдоналд, кој никогаш не успеа да го помине четвртото коло на Австралија Опен.

    Сега во третото коло го чека победникот од мечот меѓу Јапонецот Јошихито Нишиока и Чехот Далибор Сврчина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img