More

    Шокантни тврдења на унгарскиот министер за надворешни работи

    spot_img

    Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, смета дека ситуацијата во Украина создава опасност од директен воен конфликт меѓу Русија и НАТО, а тоа ќе доведе до Третата светска војна.

    – Пред две недели само благодарение на трпението и одговорноста на полските лидери избегнавме кошмар како Третата светска војна – рече Сијарто потсетувајќи на падот на украинската ракета на територијата на Полска.

    – За жал, тој ризик постои сѐ додека трае војната во Украина. Затоа мораме да направиме сѐ за да не се случи некогаш директен конфликт меѓу Русија и НАТО – напиша министерот на социјалните мрежи.

    Сијарто ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт на денеска и утре. На самитот ќе се разговара за ситуацијата во Украина, влезот на Шведска и Финска во НАТО, како и зајакнувањето на воениот потенцијал на Алијансата.

    Да потсетиме, полските медиуми на 15 ноември објавија дека две ракети паднале во Лублин на границата со Украина, при што загинале две лица. Министерството за надворешни работи на земјата соопшти дека ракетата што паднала во Полска е руско производство. Таа информација не беше потврдена во САД, а потоа претседателот на САД Џозеф Бајден соопшти дека според првичните информации не е точна верзијата дека се работи за руски проектил.

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека тој ден немало напади врз цели во близина на украинско-полската граница, а објавените фотографии од некои остатоци немаат никаква врска со руското оружје. Фотографиите објавени во Полска од местото на инцидентот недвосмислено укажуваат дека таму паднале фрагменти од ракетата од украинскиот систем за противвоздушна одбрана С-300, посочуваат од Министерството.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски првично изјави дека е сигурен дека Киев не е вмешан во инцидентот во Полска. Сепак, кратко потоа, тој рече дека не е 100 отсто сигурен што се случило.

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Соединетите Држави не виделе докази кои би биле во спротивност со прелиминарните наоди на Варшава дека проектилот што падна во источна Полска бил украински.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img