More

    Шокантна вест од Мароко: Ваха е пред отказ

    spot_img

    Утринава мароканските медиуми објавија дека Фудбалскиот сојуз на оваа земја го подготвил отказот за Вахид Халилхоџиќ, и дека се ќе биде готово до крајот на месецот.

    Изминативе денови постојано се врти приказна за отказот на Вахин, а самиот претседател на Фудбалскиот сојуз на Мароко истакна дека „никој не е незаменлив во селекцијата, па ни Халилхоџиќ“.

    Мароканскиот портал „Лионе де Атлас“ утрово ја пренесува веста дека Фудбалскиот сојуз на Мароко веќе одлучил да ја прекине соработката со големиот БИХ. експерт, и дека одлуката ќе биде официјална кога Ваха ќе пристигне во Мароко.

    Дека најголемите ѕвезди ќе играат на Мундијалот истакна и претседателот на федерацијата на Мароко, Фузи Лекјаа, а токму тоа е причината поради која Халилхоџиќ ќе добие отказ. За потсетување, Ваха поради недисциплина ги отстрани најголемите ѕвезди на тимот Хаким Зиех и Нусаир Мазрауи.

    Официјалната потврда според споменатиот портал ќе биде објавена во наредните денови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img