More

    Шише парфем што го рекламира Џони Деп чини 150 евра

    spot_img

    Кариерата на актерот Џони Деп (58) ненадејно наиде на надолна траекторија во последните неколку години по серијата обвинувања од неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд (36).

    Бројни проекти и компании го отпишаа актерот без многу размислување, па тој ги загуби улогите во франшизата „Чудесни ѕверови“ и „Пиратите од Карибите“. Еден од ретките брендови кои не престанаа да соработуваат со славниот актер е француската луксузна марка „Диор“, а се чини дека тоа им се исплати повеќе од кога и да е.

    Имено, иако многумина очекуваа „Диор“ да ја прекине соработката со Деп, актерот остана заштитно лице на парфемот „Sauvage“. Неодамна на Твитер се појави информација дека на секои три секунди се продава по едно шише парфем, чија цена е околу 150 евра.

    Инаку, „Диор“ во 2015 година го избра Џони Деп за заштитно лице на тогашниот нов парфем, кој го лансираа по 10 години поради неговата „уникатна и автентична“ харизма.

     

    Под рекламата за парфемот сега повторно се појавија бројни коментари од фановите, кои ја пофалија француската модна куќа, која за разлика од „Дизни“ не се откажа од Џони Деп.

    Според податоците од Hey Discount, побарувачката за мирисот на „Диор“ „Sauvage“, за кој Деп е заштитно лице, доживеа невиден пораст во неделите од почетокот на судењето. За само еден месец, пребарувањата на Гугл за парфемот се зголемија за 48 отсто, од 823.000 пребарувања во март, на 1,2 милиони во април, месецот кога започна судењето.

    Да потсетиме, Џони Деп победи во судскиот спор со поранешната сопруга Амбер Херд.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img