More

    Шефот на бугарската дипломатија за односите со Македонија

    spot_img

    Еден од проблемите со Република Северна Македонија е тоа што има сериозни разлики меѓу опозицијата и владејачката партија. Ние би сакале да преговараме со државата, а не со партиите – изјави за БТВ техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков.

    – За разлика од Бугарија, каде што има повеќе или помалку широк консензус за нашата политика во однос на РСМ, таму таков консензус нема. Напротив, уште полошо, се постигнува краткорочен консензус за одредени прашања кои се на наша штета – како што е донесувањето на Законот за здруженија и фондации, кој ги обединува луѓето на антибугарска основа. Така што работите ќе траат долго – проценува Милков.

    Според него, бугарската страна во овие години направила многу за да го заштити бугарскиот интерес во РС Македонија и да ги заштити луѓето таму кои имаат бугарска самосвест.

    – Имаме механизам да ги решиме нашите проблеми со нив, а тоа е т.н француски предлог, кој е предлог на претседавањето со ЕУ и е поддржан од сите земји членки, односно е европски предлог прифатен и од нашиот и од нивниот парламент. Има механизам, но тоа не значи дека имаме решение за прашањата. И ние мора да го искористиме овој механизам за да ги решиме. На крајот на краиштата, нема временска рамка. Кога ќе ги исполнат своите обврски од договорот од 2017 година според овој предлог, тогаш ќе можат да преминат во следната фаза во нивната европска интеграција – додаде министерот.

    Тој му одаде признание на претседателот Румен Радев, кој, како што рече, една година беше сам буквално против сите.

    – Благодарение на него успеавме да го вклучиме во условите за почеток на преговорите на РСМ со ЕУ и прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот. Ова е гаранција дека во иднина ќе се почитуваат правата на тие сонародници – рече министерот Милков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img