More

    Шест лица загинаа, напади имало и во Миколаев, Харков и Дњепропетровск

    spot_img

    Шест лица загинаа во руското гранатирање на Торецк, град во источниот украински регион Донбас, соопшти денеска Украинската државна служба за вонредни состојби.

    „Една зграда е уништена од граната во Торецк, во напад извршен претпладнето. Спасувачите извлекле пет тела, се вели во соопштението на Службата објавено на Фејсбук проследено со фотографија од урнатините.

    Од остатоците на зградата биле извлечени три лица, од кои едното починало во болница.

     

    Покрај Донбас што е во фокусот на руската офанзива, утринава артилериски напади имало и во Миколаев на југот на земјата, во областите Харков на североисток и Дњепропетровск во централно-источниот дел.

    „Миколаев беше ракетиран ноќеска“, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким на Телеграм.

     

     

    Како што вели, погодени биле автосалон и центар за продажба на земјоделска механизација. Според првичните информации во нападите нема жртви.

    „Две лица загинаа во последните 24 часа во руското гранатирање на областа Харков“, напиша регионалниот гувернер, Олег Синегубов.

    Во областа Дњепропетровск, Русите синоќа неколку пати го нападнале Никопол, се наведува во утринскиот извештај на украинското претседателство. Притоа е рането едно лице и пренесено во болница, уништени се десетина објекти, а оштетени се болница, две локални фабрики и пристаништето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img