More

    Шестмина загинати и 81 повредено лице покажува последниот извештај по експлозијата што се случи денеска попладне во Истанбул

    spot_img

    Шестмина загинати и 81 повредено лице покажува последниот извештај по експлозијата што се случи денеска попладне во Истанбул, Турција, која турските власти ја сметаат за терористички напад, кој го извршила жена.

    – Жената која ја оставила чантата седела на клупата 45 минути. Некое време откако станала, дошло до експлозија – изјави министерот за правда Бекир Боздаг во интервју за ТВ канал.

    Според него, сите терористички организации се поддржани од надворешни сили.

    – Се води војна против Турција – нагласи министерот.

    Можеби ќе ве интересира

    Во директното обраќање на телевизија, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган прв го осуди „кукавичкиот напад“.

    – Првите информации укажуваат дека се работи за тероризам. Сторителите на овој кукавички напад ќе бидат разоткриени. Нашите сограѓани нека бидат сигурни дека виновниците ќе бидат казнети – рече претседателот на државата, додавајќи дека „најверојатно е вмешана жена“.

    Вечерва никој не ја презеде одговорноста за нападот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img