More

    Шер напиша дека како млада додека била во брак со музичарот Сони Боно имала три спонтани абортуси

    spot_img

    Музичката легенда Шер во објава на Твитер напиша дека како млада, додека била во брак со музичарот Сони Боно, имала три спонтани абортуси.

    – Кога бев млада, имав три спонтани абортуси. Првиот кога имав 18 години. Бев сама во нашата куќа. Сони дојде дома, а јас липав и се виткав на подот”, го опишала Шер својот прв спонтан абортус. При вториот спонтан абортус, напишала, врескала од болка, а лекарот веднаш ја испратил на операција.

    „Што би се случило со мене денес?“ Шер се запрашала на крајот, мислејќи на одлуката на Врховниот суд на САД со која се ограничува правото на жените на абортус.

    Откако Врховниот суд го укина правото на абортус на 25 јуни, Шер напиша на Твитер дека „не може да го задржи својот гнев“.

    „Направив филм за абортусот. Го проучував ова прашање, разговарав со семејствата на убиените лекари и медицински сестри, со претепани жени“, напишала таа и додала дека тоа не се однесува само на неа, туку на „сите вас“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img