More

    Шегите на Џон Оливер забранети во Велика Британија

    spot_img

    Шегите направени минатата недела „Вечер со Џон Оливер“ за кралицата Елизабета Втора по нејзината смрт, беа исечени од прикажувањето во Велика Британија.

    – Очигледно, треба да почнеме со Обединетото Кралство, коешто очигледно сè уште се опоравува од шокантната смрт на 96-годишна жена од природна смрт. Тоа е голем миг на неделата, и поради некоја причина, апсолутно сите мора да тажат – рече комичарот.

    Шегите во американското сатирично шоу во неделата се исфрлени од страна на ТВ-мрежата „Скај“ во верзијата за Велика Британија, оти земјата е во национална жалост, којашто ќе трае неколку седмици по смртта на 96-годишната кралица во четвртокот. Комичарот, инаку роден во Велика Британија, се шегуваше и со назначувањето на конзервативната Лиз Трас за нова премиер на родната земја.

    – Смртта на кралицата, за жал, не е единствениот трауматичен настан со кој Британија мора да се соочи оваа недела. Во вторникот, Лиз Трас – во основа „Маргарет Тачер“, само „дрогирана“ со лепило, стана нова премиерка – рече тој.

    Воедно, шоуто на Оливер викендов ја освои седмата „Еми“ награда за комедија.

    Потегот на отстранување на острите шеги наиде на одобрување, но од друга страна, е и оценет како цензура на говорот и слободното изразување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img