Легендарниот украински фудбалер Андреј Шевченко апелираше да се испрати помош во неговата татковина за жртвите од руската инвазија, додавајќи дека фудбалот повеќе не му е важен во тешка ситуација.
„ФИФА и УЕФА ја направија вистинската работа со отстранувањето на Русија од меѓународните натпреварувања, иако спортот е последното нешто за што треба да се размислува во моментов“, рече легендарниот напаѓач на украинската репрезентација и додаде:
„Имаме бегалци, ни треба хуманитарна помош. Ни треба медицинска помош, помош во храна“.
Шевченко за Украина одигра 111 натпревари и постигна 48 гола, до лани како селектор ја водеше украинската репрезентација, а неодамна доби отказ во Џенова.
„Фудбалот повеќе не постои за мене. Не размислувам за тоа, не е време за тоа. Фокусиран сум од моментот кога ќе се разбудам и размислувам како можам да и помогнам на мојата земја, што можам да направам за неа“.