More

    Шведски државјанин уапсен во Иран, осомничен за шпионажа

    spot_img

    Министерството за национална безбедност на Иран соопшти дека уапсило шведски државјанин осомничен за шпионажа.

    Во соопштението се наведува дека осомничениот бил во контакт со уште неколку лица од безбедносен интерес и дека се наоѓал во Израел. Министерството тврди дека Швеѓанецот шпионирал за Израел.
    Шведската влада не одговори на наводите за апсење.

    Претходно овој месец, Иран повика на консултации со амбасадорот во Шведска, откако шведскиот суд го осуди иранскиот државјанин Хамид Нури на доживотен затвор.

    Тој беше осуден за воени злосторства за време на ирачко-иранската војна во осумдесеттите години на 20 век. Нури беше уапсен во 2019 година за време на туристички престој во Стокхолм.

    Во мај, Шведска потврди дека Иран уапсил еден нејзин државјанин, поради тензиите меѓу Стокхолм и Техеран.

    Во изминатите неколку месеци, неколку Европејци беа уапсени во Иран, меѓу кои и шведски турист, полски научник и други.

    Ова ја зголеми загриженоста дека Иран се обидува да ги искористи апсењата како средство за притисок врз САД и европските земји да ги олеснат санкциите што ги претрпе по пропаѓањето на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма од 2015 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img