More

    Швајцарците излегуваат на референдум поради – Нетфликс

    spot_img

    Швајцарските гласачи на референдум во неделата гласаа за тоа дали глобалните стриминг сервиси треба да ја поддржат швајцарската филмска индустрија и за зголемување на финансирањето на европската гранична агенција Фронтекс, пренесоа агенциите.

    Филмската продукција во Швајцарија во последните години добила 105 милиони швајцарски франци, соопшти швајцарското Министерство за култура, пренесува АФП.

    Доколку новиот закон биде усвоен, секторот ќе добива нови 18 милиони франци секоја година, соопшти Министерството.

    Фронтекс

    Доколку Швајцарците се согласат да го зголемат уделот на Швајцарија во финансирањето и вработените на Фронтекс, Швајцарија би плаќала 61 милион швајцарски франци годишно до 2027 година, во споредба со 24 милиони во 2021 година, според владините проценки.

    Доколку предлогот биде одбиен, Швајцарија би можела да биде исфрлена од Шенген зоната и од Даблинскиот координативен систем за азил.

    „Би ми било многу жал поради швајцарската одлука да го напушти Шенген. Но, членството во Шенген се заснова на меѓународен договор. И ако Швајцарија одлучи да не ги почитува своите обврски од договорот, тоа мора да биде последица“, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон за Tages-Anzeiger.

    Анкетата на gfs.berna за телевизијата SRF покажа дека 69 отсто од гласачите го поддржуваат финансирањето на Фронтекс, додека 25 отсто се против.

    Законот за стриминг платформи го поддржуваат 56 отсто од гласачите, а 41 се против.

    Гласачите ќе одлучат и дали да ја олеснат трансплантацијата на органи, што исто така треба да помине, пренесува Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img