More

    Шаќири: Штрајкот никогаш не оди во прилог на образовниот процес и на учениците кои се и мора да останат наш фокус и приоритет

    spot_img

    Штрајкот никогаш не оди во прилог на образовниот процес и на учениците кои се и мора да останат наш фокус и приоритет. Сите предизвици со СОНК досега сме ги решавале заеднички, на маса и низ конструктивен дијалог, вели во интервју за МИА министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

    – Така ќе биде и овој пат. Наставниците се најважна алка во воспитно-образовниот процес и постојано работиме за зајакнување на таа алка, за подигнување на мотивацијата за работа, за подобри услови за работење и слично. Штрајкот никогаш не оди во прилог на образовниот процес и на учениците кои се и мора да останат наш фокус и приоритет . Иако се услови на криза, здравствена, воена и економска, ние дебатираме со Синдикатот за да најдеме решение од кое ќе нема незадоволни страни. Верувам дека тоа ќе се случи скоро, по што ќе ја информираме јавноста – вели  Шаќири.

    Во пресрет на најавениот генерален штрајк на СОНК в понеделник, Шаќири потсетува дека за 3 години платите на наставниците се зголемени за над 21 отсто – во апсолутен износ од 4.000 денари за наставник со 10 години стаж, и нагласува дека наставниците се најважна алка во воспитно-образовниот процес, а МОН, како што вели, постојано работи на подигнување на нивната мотивација и на подобрување на условите за работа.

    – Воведовме можности за кариерен напредок во звања ментор и советник, воведовме можности за професионален развој преку континуирани обуки што ги спроведува Бирото за развој на образованието. Ги подобруваме инфраструктурните услови и условите за работа внатре во училниците.Важни измени на Законот за наставници и стручни соработници во училиштата чекаат во Собранието постапка за дебата и усвојување и со нив значително ќе се унапреди дигнитетот на наставничката професија и ќе се врати професорското достоинство. Со една од одредбите предвиден е раст на платите на наставниците со секој раст на минималната плата  – вели Шаќири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img