More

    Шакира и Пике во јавност по неговото неверство

    spot_img

    Откако во саботата објавија дека се разделуваат,  пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике повторно се појавија заедно во јавноста.

    Пејачката и фудбалерот на ФК Барселона отпатувале во чешкиот град Хлубоки за да му дадат поддршка на својот син Милан, кој викендов се натпреваруваше на бејзбол турнир. Осумгодишниот Милан настапи на бејзбол турнир како член на каталонскиот тим, а неговиот тим го освои четвртото место. Судејќи по фотографиите, Шакира и Пике се држеле на дистанца во јавноста и по секоја цена избегнуваше контакт.

    Во моментов не се баш во пријателски однос, но го одржуваат поради децата“, пишува шпанскиот весник „Ел Перидико“.

    Двојката е заедно од 2011 година и се запознаа на снимањето на видеото за нејзината песна „Waka Waka“ за Светското првенство во 2010 година. Тие никогаш не се венчаа, но добија два сина, Милан и Саша.

    „Жал ни е да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето”, изјавила пејачката, пренесуваат странските медиуми.

    Веста за нивното раскинување шокираше многумина, а шпанските медиуми пишуваат дека на сѐ му кумувало неверството на Пике со зајачицата на „Плејбој“ и најголема навивачка на Барселона, Сузи Кортез.

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img