More

    Шакира ангажирала детективи да го следат Пике

    spot_img

    Колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике неодамна ставија крај на 12-годишната врска, од која имаат две деца, а причина за разделувањето е неверството.

    Пике ја изневерил Шакира, наводно со студентка од Барселона, а не со мајката на неговиот соиграч, како што првично се шпекулираше. Пејачката долго време се сомневала дека фудбалерот ја изневерува, па сега е откриено дека дури ангажирала и приватни детективи кои го следеле во чекор.

    После сѐ, таа била подготвена да му прости, наводно двапати се обидела да се смири со Пике, меѓутоа, фудбалерот на Барселона сакал да стави точка на нивната врска, пренесува „Марка“.

    Пике го погодило тоа што сѐ „протекло“ во медиумите, а за тоа се виновни приватните детективи. Тие на медиумите им дале информација дека Пике ја изневерува Шакира уште пред да ја известат атрактивната Колумбијка, по што настанал раздор помеѓу славниот пар и повеќе немало враќање назад…

    Шакира потоа објави соопштение во кое го потврди раскинувањето со Пике.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img