More

    Чудна спирала која самата личи на мала галаксија, пронајдоа астрономите во центарот на нашата галаксија

    spot_img

    Чудна спирала која самата личи на мала галаксија, пронајдоа астрономите во центарот на нашата галаксија, Млечниот пат, чиниш вгнездена како руска кукла, пишува НаученАларм. Научниците не знаат што претставува објектот, но успеаја да откријат како патувал и како кружел околу една ѕвезда во таканаречен „протоѕвезден диск“.

    Тоа е всушност огромен диск со вртлив гас во кој се наоѓа ѕвездата. За неа знаеме повеќе. Таа е 32 пати помасивна од Сонцето додека целиот диск во којшто патува е колку 4.000 должини од должината меѓу Земјата и Сонцето. Такви дискови има многу во универзумот. Тие се како утроби во кои ѕвездите можат да растат. Но, тоа што ги мачело научниците е мислата како ваква минијатурана спирала, која личи на галаксија се нашла во самиот диск и истовремено, во нашиот галактички центар?

    Третиот објект и спиралниот диск
    Одговорот можеби лежи во еден трет објект. Тој е околу три пати помасивен од Сонцето на Земјата и се наоѓа надвор од орбитата на спиралниот диск, вели студијата објавена на 30 мај во списанието Nature Astronomy. Овој објект веројатно се судрил со дискот и она што е внатре во него, го разбранувал и така се добила спиралната разиграна форма, претпоставиле научниците.

    За да го докажат ова, им бил потребен милиметарскиот телескоп АЛМА од Атакама во Чиле. Телескопот потврдил дека формата на објектот, односно на дискот е од нешто надворешно, бидејќи самиот диск не се движел во спирален правец, што природно би го обликувале. Подоцна математичките модели докажале дека веројатно судир се случил пред 12.000 години.
    Значи, објектот голем колку три сонца пред 12.000 години поминал покрај дискот и го разбранувал за тој да ја добие живописната форма каква што ја има денес. Ова е под услов објектот да следел една непречена патека. Тимот морал да симулира дузина од неговите патеки и да ја предвиди онаа која би можела да го донесе најблиску до ѕвездениот диск.

    „Убавото совпаѓање меѓу аналитичките пресметки, нумеричката симулација и набљудувањата на АЛМА обезбедуваат цврст доказ дека спиралните краци во дискот се реликти на прелетувањето на натрапниот објект“, вели коавторот на студијата, Лу Ксинг, соработник истражувач од Кинеската академија на науките.

    Ваквите судири се веројатно редовни
    Ова се првите слики од протоѕвезден диск во нашиот галактички центар. Студијата докажува и дека надворешни објекти можат да влијаат на овие дискови.

    А можеби најинтересно е дека научниците предвидуваат дека ваквите настаните се случуваат скоро редовно во нашиот галактички центар. Едноставно, центарот на Млечниот пат има милиони пати повеќе ѕвезди од другите делови, па можноста е многу поголема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img