More

    Честитки за Богојавление-Водици од Мицкоски и Џафери

    spot_img

    Честитки за христијанскиот празник Богојавление-Водици и пораки за духовно прочистување, сплотеност.

    Христијан Мицкоски

    „Традицијата и историјата на овие простори покажале дека доброто секогаш победувало. Народот секогаш знаел да се издигне и да ги победи сите предизвици и проблеми со сплотеност и заеднички сили, затоа што можел да се обедини околу интересот на државата и на граѓаните. Јас верувам во нескршливиот дух на овој народ, јас верувам дека силата и волјата на граѓаните ќе ја донесат новата надеж за подобра иднина“, напиша лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во својата честитка.

    „Нека големиот празник Богојавление – Водици ги обедини граѓаните и нека им даде поголем мотив за борба за подобра иднина. Нека е за многу години! Бог се јави, навистина се јави!“, напиша Мицкоски во честитката по повод празникот.

    Талат Џафери
    „Лесно е да се руши, храброст е да се сочува и надгради создаденото за да трае вечно. Нека водата која е симбол на Богојавление ги однесе сите препреки и тешкотии и нека помогне со бистар ум и јасна цел да донесеме државнички одлуки кои значат живот за Република Северна Македонија, напиша Џафери во честитката по повод денешниот празник Богојавление – Водици“, пишува претседателот на Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img