More

    Честитка од министерот Спасовски по повод Илинден

    spot_img

    Интегрално обраќање на министерот Оливер Спасовски:

    „Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,

    Дозволете ми ова празнично утро, од ридот на Гумење, од пред споменикот Македониум, кој претставува симбол на непокороноста, борбата, вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, а во чија купола се наоѓа и гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев, да ви го честитам нашиот најголем празник – Илинден, одбележувајќи 119 години од раѓањето на Крушевската Република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

    Првиот Илинден – симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, без разлика на вера, народност, пол и убедување, отсликан во првата Република на Балканот – Крушевската и нејзините славни ѕидари, во Крушевскиот манифест, војводите и комитите, спомен обележјата околу нас, тука во Крушево.

    И вториот, оној на АСНОМ, кој ни донесе остварување на идеалите на Илинденците, како симбол на победата над фашизмот, на успешната борба за ослободување од вековното ропство, на хероите – партизани, на Прохор Пчињски, Пелинце и секаде каде што историјата оставила свој печат како паметник за идните генерации.

    Денеска сме тука да си приспомнеме на херојството на нашите претци, на нивните дела и да им се оддолжиме! Токму на ова свето место кое претставува камен темелник на заедништвото и меѓусебното разбирање. Токму остварувајќи го аманетот оставен во манифестот, кој ги повика соседите и пријателите кон заедничката цел.

    Денеска имаме зошто да празнуваме – не’ грее сонцето на слободата, ја градиме државата на темелите на заедништво и разбирање кои тие, нашите претци ги поставија, нивната визија ја исполнуваме во нашата реалност, а нашите пријатели се сè побројни.

    „Нашата сила за иднината“ е мотото под кое годинава го чествуваме нашиот најголем празник, сплотени во традициите, идеите и културата. Притоа, сосеми свесни дека најдобриот начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш, бидејќи таа припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа.

    Нека ни е честит и вековит Илинден,

    Да ни биде вечна Република Северна Македонија!”

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img