More

    Чекор по чекор ќе ги истуркаме Русите од нашето море

    spot_img

    Протерувањето на Русите од Змискиот Остров претставува стратешка победа што значително го ограничува дејствувањето на окупаторот, смета украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека се донело одлука за повлекување од Змискиот Остров како „знак на добра волја“, па потегот покажувал дека Русија не им пречи на напорите на Обединетите Нации да организираат хуманитарен коридор за извоз на пченица од Украина.

    Од друга страна, Украина информираше дека ги избркала руските сили од островот со артилериски и ракетни напади, а Зеленски ја поздрави стратешката победа.

    – Тоа сè уште не гарантира безбедност и не гарантира дека непријателот нема да се врати. Но, тоа значително го ограничува дејствувањето на окупаторот. Чекор по чекор, ќе ги истуркаме од нашето море, нашата земја и нашето небо – нагласи Зеленски во своето обраќање до јавноста.

    Украинските сили го држат градот Лисичанск во регионот Луганск. „Градот беше гранатиран од руска артилерија од различни правци, а руската војска му се приближува од неколку страни“, изјави регионалниот гувернер на Луганск, Сергеј Хајдај за украинска телевизија.

    – Супериорноста во огнената моќ на окупаторите сè уште е многу видлива. Едноставно, ги донесоа сите свои резерви за да нè нападнат – истакна Зеленски.

    Војната трае. Додека Европа размислува што ќе прави зимава без рускиот гас и нафта, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека преносот на електрична енергија во Романија е почеток на процес кој може да и помогне на Европа да ја намали зависноста од руските јаглеводороди.

    Зеленски ова го изјави во ноќната видео порака по најавата на премиерот Денис Шмухал дека извозот започнал претходно во текот на денот, во износ од 100 мегавати, четири месеци по почетокот на руската инвазија на Украина.

    – Почетокот на извозот е уште еден значаен чекор во нашето движење кон Европската унија – рече Зеленски.

    Тој додаде дека „благодарение на украинската електрична енергија, значителен дел од рускиот гас што го користат европските потрошувачи може да се замени“.

    – Затоа, ова не е само прашање на заработка од извоз за нас, туку прашање на безбедност за цела Европа – рече Зеленски, потсетувајќи и на поврзувањето на Украина со заедничкиот енергетски систем на ЕУ.

    Во средината на март, Украина постигна договор за приклучување кон Европската мрежа на преносни систем оператори за електрична енергија (ENTSO-E) како набљудувач, откако нејзината мрежа ќе се поврзе со мрежата на ЕУ.

    ENTSO-E неделава објави дека се завршени подготовките за првиот извоз од Украина, заедно со електрична енергија од Молдавија, почнувајќи од 30 јуни, користејќи интерконекција со Романија.

    Наскоро ќе следи и тргување со електрична енергија на други интерконекции меѓу Украина и Словачка, Украина и Унгарија, како и меѓу Молдавија и Романија. Во првата фаза капацитетот со кој ќе се тргува ќе биде поставен на 100 мегавати.

    Во претходна најава, премиерот Шмихал рече дека извозниот потенцијал на Украина во Европа ќе достигне 2,5 гигавати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img