More

    Чавушоглу вели се попречува транспортот на жито

    spot_img

    Пловечки мини што ги постави Украина во Црно Море се една од најголемите пречки за транспорт на жито од Одеса, предупреди денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

    Во интервју за агенција Анадолија шефот на турската дипломатија потврди дека „мините поставени од Украина во регионот Одеса се една од пречките за безбеден транспорт на житни култури“.

    – Друга причина се санкциите за руските бродови, нивното осигурување, како и неможноста да се опслужуваат во меѓународните пристаништа – рече министерот, истакнувајќи дека има сериозни нерешени прашања меѓу Москва и Киев во овој контекст.

    – Украина не сака руски бродови да влезат во Одеса, додека Русија не сака други бродови да го користат овој коридор за испорака на оружје за Украина. Двете страни бараат доверба и гаранции – рече Чавушоглу, потсетувајќи дека Украина вети дека ќе го исчисти морето од мини за „една или две недели“ за повторно да ги направи испораките безбедни.

    Турскиот министер за надворешни работи посочи и дека е неопходно да се создаде механизам меѓу Русија и Украина за да се реши овој проблем. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера во телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател предложи механизмот да се воспостави во рамките на ОН, да биде стациониран во Истанбул, а дека неговата земја е подготвена да учествува во него.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img