More

    Црн пантер, животно далеку поголемо од волк е забележано на границата меѓу Србија и Хрватска близу гратчето Апатин

    spot_img

    Црн пантер, животно далеку поголемо од волк е забележано на границата меѓу Србија и Хрватска близу гратчето Апатин. Граѓаните веќе го забележале, а шумската управа на Војводина издаде предупредување да се внимава. Прв пантерот го забележал извесен Петар Сладиќ, жител на селото Сонта, а потоа локален ловец го видел животното со двоглед, пишува Мондо.

    – Јас и моите деца често се возиме со велосипеди во околината, по шумата и по полињата – вели Сладиќ и додава:

    – Со термален двоглед, кој дава нешто изменета слика, овој ловец го видел животното кое е далеку поголемо од волк, кој исто го нема на нашите простори, но со многу долга опашка која е карактеристична за овие мачки, така што и тој нема сомнеж дека станува збор, во најмала рака, за животно кое не е од нашите простори – кажа Сладиќ.

    Црниот пантер не е посебен вид на мачка, туку подвид на леопард или понекогаш на јагуар, чие крзно е со црна боја. Појавата се вика меланизам. Сладиќ изјавил дека не му е сеедно.

     

    Милан Мириќ, сопственик на Зоо Мики, првата приватна зоолошка градина во поранешна Југославија, вели дека за постоењето на оваа ѕверка во Србија нема претходни сведоштва.

    – Ако станува збор за црниот пантер кој, според моите неофицијални информации, всушност побегнал од заробеништво во Австрија, сè е можно. Иако станува збор за животно кое го нема на слобода на нашите простори, неговата приспособливост би му овозможила подолго преживување, особено ако има извор на храна. А тоа е она што нашите густи шуми на Подунавје, покрај безбедното засолниште, можат да му го пружат на овој вид предатор – вели Мириќ.

    – Во случај на средба со луѓето леопардот, кој е една од најмалите диви мачки, самиот би избегал, а пред тоа секако би се потрудил никој да не ме види – вели тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img