More

    Црна Гора: Многу успешна туристичка сезона „и покрај сомнежите на поединци“

    spot_img

    Министерот за економски развој и туризам во техничката влада на Црна Гора, Горан Ѓуровиќ изјави дека туристичката сезона во таа земја била многу успешна „и покрај сомнежите на поединци“ и дека приходот е близу една милијарда евра.Ѓуровиќ за телевизијата Вијести изјави дека оваа сума „не вреди исто“ како во 2019 година поради инфлацијата.

    Тој наведе дека во Црна Гора во моментов престојуваат 144.000 туристи, од кои 36.000 се сместени во хотели.

    Тој рече дека престојот во хотелско сместување е за 26 отсто подобар од лани, а осум отсто во однос на 2019 година, оценувајќи дека тоа „покажува до каде треба да оди развојот на туризмот“.

    Тој додаде дека слабо се наплатува таксата за престој и затоа смета дека бројот на туристи е поголем од официјалната бројка.

    „На идната влада останува да ја подобри евиденцијата на туристите. Сигурно ќе работиме на тоа, додека сме на оваа позиција, да воведеме нешто како Хрватска воведе eVisitor, за подобра евиденција од каде доаѓаат туристите и каде одат“, рече Ѓуровиќ.

    Коментирајќи го неодамнешниот случај на труење на туристи во Будва, Ѓуровиќ се извини во име на Владата на Црна Гора, велејќи дека властите веднаш реагирале по сознанието и ги сместиле туристите на државен трошок „за да се олеснат непријатностите“.

    За труењето во Будва: Државата мора да биде поригорозна
    Тој потврди дека хотелот Лоза, чии гости биле затруени, немал дозвола за работа и дека седум пати бил пломбиран со увид.

    „Совесно го одработивме нашиот дел, надлежните треба да видат каде се грешките, најважно е туристите да се добро и да немавме некој со сериозни последици“, рече тој.

    Ѓуровиќ посочи дека државата мора да биде поригорозна во вакви ситуации, истакнувајќи дека во моментов нема „јасни докази“ дека труењето се случило во хотелот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img