More

    Црвено-црните се искачија на петтото место на табелата

    spot_img

    Македонскиот ракометен првак „Вардар 1961“ забележа вредна победа во битката за место во нокаут фазата во Лигата на шампиони, откако синоќа го совлада во Скопје директниот конкурент ППД Загреб со 20-19 во рамки на 12. коло во групата А.

    Со победата, втора во низа по гостинскиот триумф над Монпелје, „црвено – црните“ се искачија на петтото место на табелата, пред завршните две кола во кои Вардар на 2 март му гостува на белорускиот Мешков Брест, а една недела подоцна е домаќин на норвешкиот првак Елверум.

    Вардар во вечерашниот дуел во салата „Јане Сандански“ беше во негатива до средина на првиот дел кога со серија од 4-0 направи резултатски пресврт и замина на полувреме со предност од 11-9.

    Македонскиот шампион имаше големи проблеми со играта во нападот во продолжението што хрватскиот состав го искористи да го врати водството на 15-14 на средината на второто полувреме.

    Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која македонските ракометари помогнати од френетичната публика на крајот забележаа победа со која дојдоа на чекор до место во нокаут фазата во Лигата на шампиони.

    Најефикасни во редовите на Вардар беа Оливие Нјокас и Филип Талески со по четири голови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img