More

    Циркус на седницата за Законот за наставници

    spot_img

    Повторно не почна расправата по двете точки на дневниот ред на деветта седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, која денеска го имаше петтото продолжение.

    Поради несогласувања на опозициските пратеници и претседателката на комисијата Жаклина Лазаревска од СДСМ околу дневниот ред на седницата, таа даде еден час пауза.

    Според Лазаревска, дневниот ред бил изгласан со осум гласа „за“ на седницата на 17 јуни 2021 и затоа Комисијата треба да продолжи со работа.

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, кои собрани пред претседателката реагираа бурно, негираа дека дневниот ред тогаш бил усвоен и побараа снимка од таа седница. Инсистираа дека треба да им се дозволи процедурални излагања пред усвојување на дневниот ред.

    – Колку што сакате процедурални ќе имате, ако сакате пет месеци, пет месеци ќе си терате. Не е проблем, јас ќе ви давам – рече Лазаревска, која за да ја смири полемиката даде еден час пауза за, како што рече, понатамошни договарања.

    По подолго време е закажано продолжение на оваа седница на која уште од јуни на дневен ред се Предлог-законот за именување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање.

    На почетокот на денешното продолжение претседателката на Комисијата Лазаревска соопшти дека е присутен заменик-министерот за образование и наука Љуљзим Алиу.

    „На седницата на Комисијата за образование наука и спорт кулминираше деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ. Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат ниту да почне расправата за овие измени, а не пак тие да бидат донесени. Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Со овие измени над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4.700 од нив ќе добијат трајно вработување. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го блокира цела година, го блокираше и денеска со попречување на работата, со викање и закани, деградирајќи го Собранието“, реагираше СДСМ.

    – Ова собрание тешко функционира после локалните избори затоа што има измени во собраниските комисии каде што на три комисии треба да се променат претседателите, а на 15 од 21 треба да има промени во однос на членовите и замениците, бидејќи има нова состојба со пратениците. Затоа најитно е дека треба да се свика Комисија за прашањата на избори и именувања, а владејачкото мнозинство не ја свикува комисијата затоа што нема мнозинство во неа и со тоа сѐ е закочено – изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната седница на собраниската комисија за труд и социјална политика.

    Таа потсети дека претходно на СДСМ не им пречело кога како опозиција имале мнозинство истата комисија.

    – Се повикуваат на собраниска пракса само кога тоа исклучиво ним им одговара. Многу закони чекаат да бидат ставени на ред, но ова парламентарно мнозинство селективно делува и селективно се вади. Тоа се нивните двојни аршини, кога им одговара се повикуваат на една собраниска пракса, кога не им одговара кажуваат дека не може така. Еве ние како опозиција се согласивме оваа комисија за труд и социјална политика да биде свикана затоа што има битен закон за минимална плата. Но и други закони чекаат добра волја на власта – рече Стојаноска.

    Таа нагласи дека ова е доказ дека собранието не е блокирано од страна на пратениците на опозицијата, туку власта сама си го блокира како што ќе се договори и како им одговара.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img