More

    Цигари вредни околу три ипол милиони евра се запленети во пристаништето Бар

    spot_img

    Во Барското пристаниште запленети се осум контејнери со цигари, што е околу 4.000 пакети, чија вредност е околу 3,5 милиони евра, соопшти Управата за приходи и царина на Црна Гора.

    Сопственик на цигарите е фирмата „Ленира интернационал“, поврзана со компанијата „Плејмејкер“, објави порталот РТЦГ.

    Како што беше најавено, во текот на изминатиот месец, од доаѓањето на новата управа, се интензивираше борбата против шверцот со цигари, за што, како што велат, говори и тоа што ова е трета поголема заплена акција.

    Во тој период надлежните служби заплениле повеќе цигари од која било друга европска земја, наведува Управата и додава дека нема да престанат со намерата да го сузбиваат шверцот со цигари низ Црна Гора, бидејќи пристаништето Бар треба да стане столб на развојот на земјата, а не шверцерски пункт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img