More

    Цивили загинати во нов руски напад, Москва најавува тридневен прекин на огнот?

    spot_img

    Руската инвазија на Украина трае веќе 71 ден. Продолжува евакуацијата на цивилите од Мариупол, последниот конвој автобуси кој вчераутро го напушти опколениот град беше придружуван од ракетен напад. Украинската страна објави дека расте бројот на загинати во нападите, но предвиде и на кои два начина би можела да заврши војната. Ниту една од нивните прогнози не е во корист на Русија.

    Европската унија одлучи да воведе ембарго на руската нафта во фази во следните шест месеци, а беа воведени и нови санкции за најголемата руска банка. Од Русија доаѓа одговорот дека земјите од ЕУ и по ембаргото ќе продолжат да купуваат руска нафта, само по повисока цена и преку посредници.

    07:21 часот
    Цивили загинаа во нов руски напад
    Гувернерот на украинската област Луганск изјави дека во последните 24 часа во руското гранатирање загинале пет цивили.

    Серхи Гајдаи рече дека нападите биле насочени кон Сијеродонецк и Попасна, Хирске и Лисичанск. Русија ги префрли своите напади кон исток и југ во последните неколку недели, откако претходно се обиде да го опколи и окупира главниот град на Украина.

    07:20 часот
    Москва објави тридневен прекин на огнот
    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го повика генералниот секретар на ОН да помогне во спасувањето на луѓето од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол, а Москва, која го тепа градот дење и ноќе, објави тридневен прекин на огнот за евакуација на цивилите.

    „Животите на луѓето кои останаа таму се загрозени. Секој живот ни е важен. Ве молиме помогнете да се спасат“, рече украинскиот претседател во изјавата до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

    07:18 часот
    Како да се реши проблемот со глобалната криза со храна?
    Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата предупреди дека проблемот со глобалната безбедност на храната не може да се реши без обновување на украинското земјоделско производство и руското производство на храна и ѓубрива за светскиот пазар.

    Руската инвазија на Украина дополнително го наруши финансискиот пазар и ги зголеми цените на суровините, потенцијално загрозувајќи го економското закрепнување од Ковид-19 во многу земји.

    „Анализата на ОН покажува дека војната во Украина само ги влошува работите, предизвикувајќи тридимензионална криза која ги уништува глобалните системи за храна, енергија и финансии за земјите во развој“, изјави Гутереш за новинарите за време на неговата прва посета на нигерискиот главен град Абуџа.

    07:17 часот
    Битките за Азовстал се тешки и крвави
    Украинските сили во фабриката за челик Азовстал во Мариупол втор ден водат „тешки крвави битки“ против руските сили, објави командантот на контроверзниот баталјон Азов. Во кратката порака на Телеграма, командантот Денис Прокопенко рече: „Горд сум на нашите војници кои со натчовечки сили го задржуваат притисокот на непријателот. Ситуацијата е исклучително тешка“.

    Пораката дојде откако Русија објави дека влегла во областа на фабриката за челик, последното упориште на украинските сили во Мариупол, јавува Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img