More

    Цените ќе бидат замрзнати до крајот на февруари

    spot_img

    Цените на основните производи ќе бидат замрзнати до крајот на месецов, а потоа владата размислува да ги ги контролира цените  со утврдување на одредени маржи за производите на големо и мало. Ова денеска го соопшти министерорт за економија Крешник Бектеши.

    Тој  рече дека се прават анализи и наскоро ќе  се одлучи како тоа ќе се реализира.

    – Оваа и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбени производи за оние производи кои се наведени во одлуката за замрзнување на цените за да најдеме начин да нема поскапување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи и во трговијата на мало и во трговијата на големо, имајќи во предвид дека во делот на производите што ги произведуваме дома, таму секако може да се интервенира. Но, забележавме дека производите кои што се увезуваат во нашата земја, кај нив има поголемо зголемување на цените и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на определување на маржите – изјави Бектеши.

    Владата на крајот на минатиот месец  ја продолжи одлуката со која се определуваат највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и од 3,5 %, свежо месо и сувомесни производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img