More

    Цената на струјата може да ја секне водата за пиење, а градот да плива во фекалии

    spot_img

    Скопје може да остане без вода за пиење, а може и да плива во фекалии, ако продолжи растот на цената на струјата. Ова е најверојатното сценарио ако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги не дозволи зголемување на цената на водата и другите услугите и не бидат донесени посебни мерки од владата за решевање на проблемите, алармира ЈП „Водовод и канализација“.

    Сегашната цена на струјата, која ја набавува претпријатието на слободниот пазар, изнесува 803 евра за мегаватчас, што е за 13,4 пати повисока  од онаа која претпријатието ја плаќаше до крајот на август, од 60,5 евра за мегаватчас.

    – Од 01.09.2022 година ЈП „Водовод и канализација“, во согласност со Законот за јавни набавки, набавува електрична енергија на слободниот пазар преку снабдувачот ЕВН снабдување, по берзанска цена одредена според референтната берза на HUPX со маржа од 7,4 отсто. На 31.08.2022 година цената на електричната енергија на референтната берза hupx.hu беше 748 евра за мегаватчас. Доколку се пресмета и маржата од 7,4 отсто тогаш цената на електричната енергија од снабдувачот кон ЈП „Водовод и канализација“ би изнесувала 803,3 евра за мегаватчас – велат од претпријатието.

    Загрижуваат најавите дека цената на струјата би можела да порасне над 1.000 евра за мегаватчас во следните месеци.

    – Енормно високата цена на електричната енергија го доведува во прашање тековното работење на ЈП „Водовод и канализација“  и целосно финансиски го оневозможува нормално технички да функционира. Финансиската импликација на енормно високата цена на електричната енергија е застрашувачка во однос на тековното работење на претпријатието, ако се земе предвид процената за берзанската цена на електричната енергија во зимскиот период, кога би достигнала вредност до 1.000 евра за потрошен еден мегаватчас. Во тој случај финансиската импликација кон ЈП „Водовод и Канализација“ на годишно ниво би била со проценета вредност од 26.800.000 евра до 33.300.000 евра без ДДВ-велат од Водовод.

    Според податоците на претпријатието за две години вкупно има потрошено околу 4.000.000 евра за електрична енергија (2020 година – 129.510.298,11 денари, 2021 година – 127.922.370,12 денари). Моментално претпријатието нема неплатена сметка за струја.

    Проекцијата за учеството на трошоците за струја во буџетот на претпријатието за наредната 2023 година со сегашната берзанска цена (од 800 до 1000 евра за мегаватчас) би изнесувала 97 отсто.

    – Учеството на трошоците за струја во буџетот на претпријатието во 2021 година изнесува само 6,74 отсто. Во 2022 година тој процент се зголемува и изнесува 14,51 отсто со оглед на тоа што потпишувањето на новиот договор со нова цена опфаќа само мал дел од оваа година. Проекцијата за учеството на трошоците за струја во буџетот на претпријатието за наредната 2023 година со сегашната берзанска цена би изнесувала 96,71 отсто – велат од Водовод.

    Над 94 отсто од струјата што ја троши претпријатието е за работа на пумпните станици за питка вода, атмосферските и фекалните пумпни станици и на пречистителната станица за отпадни води – Волково.

    – ЈП Водовод и канализација – Скопје има 109 потрошувачки места од кои само 6 отсто од потрошената електрична енергија отпаѓа на административни објекти (дирекција, сервисот во Бутел, пунктови, резервоари, Дежурно информативен центар и лабораторија), а 94 отсто од потрошената електрична енергија го опфаќа работењето на пумпните станици за питка вода, атмосферските и фекалните пумпни станици и на пречистителната станица за отпадни води – Волково – велат од Водовод.

    Од претпријатието велат дека ќе бидат принудени да ја зголемат цената на своите услуги, ако државата не ги прифати барањата од Здруженитето на даватели на комунални услуги (АДКОМ).

    – Ние, АДКОМ, бараме јавните комунални претпријатија да плаќаат струја по единствена цена за киловатчас од  5,2877 денари како што плаќаат физичките лица во блок 3 (максимална опција), без пресметување евтина и скапа тарифа. Исто така бараме финансиска помош од државата за излез од оваа состојба  – покривање на разликата помеѓу планираните трошоци во бизнис планот кој се поднесен до Регулаторната комисија за енергетика и по кој е одредена цената на водата и фактички настанатите трошоци – велат од Водовод.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img