More

    Цената на гасот во Европа нагло порасна, трговците стравуваат за снабдување

    spot_img

    Цената на гасот во Европа нагло порасна, трговците стравуваат за снабдување
    Цените на бензинот силно пораснаа во вторник на европските пазари, поттикнати од стравувањата од недоволно снабдување поради штрајкот на нафтените работници во Норвешка и најавеното затворање на рускиот гасовод Северен тек 1 поради одржување.

    Цената на гасот во форвард договорите порасна на холандската берза на околу 175 евра за мегават час, достигнувајќи го највисокото ниво од март. Во однос на понеделникот, по пладне тој бил поголем за околу осум проценти.
    Трговците стравуваат за снабдувањето откако рускиот снабдувач со гас Гаспром ги намали испораките преку гасоводот Северен тек 1 за околу 60 отсто во последните недели поради, како што тврдат, доцнењето на опремата испратена на сервис до германскиот Сименс.

    Сименс ги испрати пумпите во фабрика во Канада, која ги блокираше откако воведе санкции кон Гаспром поради руската инвазија на Украина.

    Затворање на гасоводот на 11 јули најави и Русија поради одржување кое вообичаено трае десет дена, но во Европа стравуваат дека гасот нема да стигне и по завршувањето на работите.

    Нафтените работници во штрајк
    Дополнителен проблем со снабдувањето се појави и во Норвешка, каде нафтените работници штрајкуваа, барајќи повисоки плати поради високата инфлација. Засега се чини дека испораките во другите европски земји не се намалени, но доколку производството се прекине подолго време би можел да се намали и извозот.

    Штрајкот започна во ноќта од понеделник кон вторник, а синдикатите и претставниците на компаниите предвидуваат пад на производството на гас оваа недела за 13 отсто.

    Асоцијацијата на нафтени компании проценува дека до среда производството на гас ќе се намали за 292.000 барели еквивалент на нафта или 13 отсто, објави во неделата НОГ.

    Норвешката влада соопшти дека внимателно го следи спорот меѓу работниците и нафтените компании. Во вонредни околности, Осло може да интервенира и да го прекине штрајкот, забележува Ројтерс

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img