More

    Цената на берзите се спушти за скоро еден долар

    spot_img

    Цените на нафтата паднаа под 94 долари денеска, откако Украина навести можни отстапки за Русија, што ќе ги намали тензиите меѓу двете земји и заканите со санкции за рускиот извоз на нафта. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне падна за 81 цент од претходното блиску до 93,63 долари, откако накратко го достигна највисокото ниво од октомври 2014 година, на 96,16 долари.

    На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 83 центи пониско, по 92,27 долари и накратко достигна највисоко ниво од септември 2014 година, на 94,94 долари.

    Сите внимателно ја следат украинската криза. Западот ја обвинува Русија дека распоредува војници во близина на границата со Украина, подготвувајќи окупација. Москва ги отфрла таквите тврдења.

    – Учесниците на пазарот се загрижени дека конфликтот меѓу Русија и Украина може да го наруши снабдувањето – рече Џовани Стауново од Ју-Ес-Бе.

    – Нафтениот пазар е многу чувствителен на вестите за можни прекини во снабдувањето бидејќи залихите на нафта се ниски и се очекува дополнително опаѓање на капацитетот за производство на резерви – додаде Стауново.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img