More

    Хуманитарна катастрофа -Деца заболени од рак во засолниште во болница во Киев без лекови, храна и вода

    spot_img

    Децата болни од рак и персоналот што ги лекува се сместени во подрумите на двете детски болници во Киев со намален пристап до лекови, храна и вода, изјави претставник на најголемата хуманитарна организација во Украина за борба против ракот.

    „Аптеките и магацините со лекови што им се потребни на децата се затворени“, рече во интервјуто Јулија Ноговицина, директорка на хуманитарната програма „Таблеточки“, поради што некои деца пациенти не добиваат терапии што би ги спасиле нивните животи.

    „Децата имаат пристап само до основните форми на хемотерапија“, рече таа. Другите третмани беа прекинати, предизвикувајќи загриженост дека децата би можеле да релапсираат, да не постигнат ремисија и да се разболат.

    „Кога зборуваме за воени жртви, ги броиме само оние кои загинале во борби или напади“, рече Ноговицина, додавајќи: „И овие деца се жртви на војната, но тие полека умираат бидејќи нивното лекување се прекинува“.

    Дополнителен предизвик е да се најдат возачи да доставуваат храна и вода, рече таа. Болниците се договорија за храна и вода, но за време на полициски час и напади на градот, шансите за координирана логистика се мали.

    Во саботата било пукано врз камионот што превезувал вода до децата, а возачот морал да се засолни во болница, рече Ноговицина.

    „Тринаесет деца болни од рак во една од двете болници се лекуваат од четворица лекари и две медицински сестри, кои одлучија да останат тука. Подрумот е влажен и мувлосан “, рече Ноговицина.

    Организацијата се надева дека ќе префрли некои од децата со автобус во болница во Лавов во западна Украина штом ќе биде безбедно. После тоа, на децата ќе им бидат понудени кревети и третман доколку можат да стигнат до Полска. Сепак, логистиката останува предизвик.

    „Засега не е можно да се напушти Киев – има полициски час“, рече Ноговицина, додавајќи: „Никој не смее да се движи надвор од зградите бидејќи секој човек ќе се смета за непријател и ќе биде застрелан“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img