More

    Христо Иванов тврди дека предложениот документ е одличен за неговата земја

    spot_img

    Предлогот на Франција за кревање на ветото е исклучително добар за Бугарија, а Слави Трифонов се обидува да ја искористи темата за да обезбеди алиби за некои негови внатрешно-политички дејствија, вели Христо Иванов, лидерот на владејачката партија, Демократска Бугарија.

    – Ова е во најмала рака неодговорен начин. Конечно го добивме резултатот од напорите за посредување на Франција. Го прочитав предлогот многу внимателно. Разговарав и со многу авторитетни дипломати од различни политички сили. Општо мислење е дека ова е многу добра работа. Сакам сите да ме слушнат, ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал – изјави Иванов за Нова ТВ.

    Иванов посочи дека според предлогот, Македонија треба да се заложи пред ЕУ да го промени својот устав и да ги регистрира Бугарите како еден од народите кои градат држава.

    Ако Македонија не го направи ова – нема да има преговори за ЕУ, нема да го укинеме ветото. Франција е посветена да ни помогне и кога велам дека предлогот е добар за Бугарија, го кажувам затоа што и самата министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска го потврди на расправата во Народното собрание – рече Христо Иванов.

    Според Иванов, ДБ ќе го поддржи францускиот предлог за Македонија доколку влезе на расправа во пленарната сала на Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img