More

    Хрватскиот дизајнер откри како ќе изгледа венчаницата на Хана Хуљиќ

    spot_img

    Сплитскиот дизајнер Јурица Пириќ ја сошил венчаницата во која Хана Хуљиќ (31) ќе се омажи за Петар Грашо (45). Дизајнерот за „Слободна Далмација“ откри како ќе изгледа и како се снашол во креирањето.

    Пириќ работи како дизајнер веќе 20 години и никогаш не доживеал толкав интерес за една креација. Сите му се јавуваат по цел ден и прашуваат каква ќе биде венчаницата на Хана.

    – Дваесет години ја работам оваа работа и никогаш не сум доживеал вакво нешто, таков интерес, по цел ден ми се јавуваат и ме прашуваат каков ќе биде фустанот на Хана – изјавил за „Слободна Далмација“.

    Многумина мислеа дека венчаницата на Хана ќе зрачи со сексапил, но таа ќе биде сосема едноставна, токму во духот на нејзината личност.

    – Фустанот ќе биде таков каква што е Хана, токму во духот на нејзината личност, нема да има светки, ниту тантела ниту сексапил… Тоа ќе биде едноставен фустан, нежно романтичен, со чисти линии и едноставен крој. Венчаницата ќе биде бела од проѕирен материјал – раскажал Јурица и додал дека сè уште не го дефинирале стајлингот, но дека тоа ќе го направат деновиве – откри дизајнерот.

    Да потсетиме, венчавката на годината ќе биде на 19 февруари во црквата Свети Фрањо во Сплит. Тој ќе биде во кругот на најтесното семејство, односно родителите Тончи и Вјекослава Хуљиќ, Зоран и Сњежана Грашо, братот на Хана Иван, сестрата на Петро Буга и мајката на Вјекослава и нејзините две сестри и нивните семејства. Треба да присуствуваат некои познати имиња како Дина Раѓа која најверојатно ќе и биде кум на пејачката, додека кума на Хана, како што претходно пишувавме, ќе биде Доменика Жувела.

    Кум на Грашо ќе му биде легендарниот поранешен хрватски кошаркар Дино Раѓа, на кого Петар му бил кум пред 21 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img