More

    Храната и транспортот најмногу поскапеа

    spot_img

    Државниот завод за статистика објави дека инфлација во јуни изнесувала 14,5% на годишно ниво. Трошоците за живот енормно се зголемиле за 2,8% за само еден месец.

    Податоците од статистика покажуваат дека најмногу „скокнале„ цените на транспортот за дури 31,4%. Храната, пак, поскапела за 21%, сметките за комуналии и трошоците за горива биле повисоки за 9,4%, додека рестораните и хотелите ги зголемиле цените за 12,3%.

    Кај храната, најголем пораст на цената е забележан кај маслото за јадење од дури 51%. Следи лебот кој поскапел за речиси 31%, за месо требал да се издвојат за 18,4% повеќе пари. Околу 20% зголемување има кај млекото, сирењето, јајцата,  зеленчукот, шеќерот.

    Огромни поскапувања во јуни на годишно ниво се забележани и кај трошоците за домување и горивата. За струја сега граѓаните издвојувале за 9,4% повеќе пари. Течните горива и гасот се за дури 64% поскапи споредено со јуни минатата година. Цените на цврстите горива се зголемиле за речиси 14%, а сметките за парно греење за плус 9,4 отсто.

    Трошоците за транспорт пак биле поголеми поради енормниот раст на цените на горивата. Моторните возила поскапеле за 10%, а транспортните услуги за 18,6%. Граѓаните сега треба да плаќаат за една петина повеќе за превоз со автобус, додека патувањето со авион е поскапо за 14%. Единствен превоз кај кој воопшто нема никаква промена во цените е железничкиот.

    Не само домашните аналитичари, туку и странските очекуваат продлабочување на инфлацијата во текот на летото. Последен во низата предупреди и Меѓународниот монетарен фонд, кој дополнително тврди дека е зголемен ризикот од глобална рецесија. ММФ во текот на месецов повторно ќе ја ревидира проекцијата за економски раст надолу. Фондот тврди дека економиите ќе претрпат дополнителен силен удар, стагнација или пад како резултат на напорите на владите и централните банки да ја зауздаат инфлацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img