More

    Храбра вработена спречи грабеж во обложувалница во Чаир

    spot_img

    На социјалните мрежи се појави шокантно видео од обид за грабеж на спортска обложувалница во Скопје, поточно во Чаир, кој можеше да заврши и трагично по животот на вработената.

    Само храброста на вработената во спортската обложувалница беше пречка овој крадец да го испразни сефот и да си замине со полн плен, но жената му се спротивстави на крадецот кој во раката имаше нож и буквално го избрка од објектот.

    Инцидентот е забележан и во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР):

    „На 21.02.2022 околу 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 23.50 часот на 20.02.2022 во спортска обложувалница на ул.Натанаил Кучевишки две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.

    Во продолжение, погледнете го видеото:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img