More

    Хорор во Париз: Маж нападна неколку лица со нож на железничка станица

    spot_img

    Маж е „неутрализиран“ откако нападнал неколку лица на железничка станица во Париз, потврди францускиот министер за внатрешни работи.

    Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин потврди дека маж повредил неколку лица утрово на железничката станица Гар ду Норд во Париз, пренесува Sky News.

    Француските медиуми јавија дека непознат маж со нож ранил неколку лица. ТВ БФМ објави дека во нападот се повредени шест лица.

    Напаѓачот бил „неутрализиран“ од полициските сили, додаде Дарманин.

    Нападот се случил околу 5:40 часот, потврди железничкиот оператор SNCF, а самиот напаѓач се здобил со полесни повреди.

    Полицијата од безбедносни причини ја опколи областа каде се случи нападот. Тој рече дека е воспоставен безбедносен периметар, но станицата продолжи да работи нормално.

    Станицата Гаре ду Норд е терминал за бројни линии кои го поврзуваат центарот на градот со предградијата, но тие исто така имаат национални и меѓународни линии, на пример возот Талис кој го поврзува Париз со Брисел или Еуростар кој патува до Лондон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img