More

    Холивудскиот актер Пол Сорвино почина во понеделник наутро на 83-годишна возраст

    spot_img

    Холивудскиот актер Пол Сорвино почина во понеделник наутро на 83-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.

    Легендарниот актер починал од природна смрт додека бил покрај својата сопруга Ди Ди Бенки, со која беше во брак од 2014 година.

    „Нашите срца се скршени. Никогаш нема да има друг Пол Сорвино. Тој беше љубовта на мојот живот и еден од најголемите изведувачи што некогаш ги краси екранот и сцената“, изјавила оваа актерка за „Дејли мејл“.
    Актерот е најпознат на пошироката јавност по улогата на Пол во мафијашкиот филм „Добри момци“ од 1990 година, во кој се појави заедно со Роберт де Ниро, Реј Лиота и Џо Пеши. Сорвино оствари бројни улоги, како во „Црвените“ на Ворен Бити, во „Никсон“ на Оливер Стоун, во „Ракетарот“ и други…

    Тој е татко на холивудската актерка Мира Сорвино, а таа со заедничка фотографија на Твитер во април оваа година му го честиташе роденденот на својот татко.

    „Среќен роденден на мојот татко Пол Сорвино. Многу ми недостигаш и се надевам дека наскоро ќе бидеме заедно“, напиша Мира тогаш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img