More

    Холивудската актерка Хејден Панетиер, поранешната свршеница на украинскиот боксер Владимир Кличко, сподели објава посветена на Украина

    spot_img

    Холивудската актерка Хејден Панетиер, поранешната свршеница на украинскиот боксер Владимир Кличко, сподели објава посветена на Украина.

    „Јас лично бев сведок на силата на украинскиот народ кој жестоко се бореше за својата независност и продолжи страсно да ја брани својата земја низ годините“, се вели во соопштението.

    Таа откри што мисли за Путин и неговите одлуки поврзани со руската инвазија на Украина.

    „Ова што го прави Путин е апсолутна срамота! Овој ужасен момент во историјата испраќа застрашувачка порака, порака дека во денешно време, во 2022 година, е во ред да се прекршуваат правата на слободните луѓе и да им се дозволи на автократите како Путин да земат што сакаат“, напишала Хејден напиша.

    Во Украина, актерката има семејство и пријатели.

     

    „Се молам за моето семејство и пријателите таму и за сите што се борат. Би сакала да имате поголема поддршка и би сакала да сум таму и да се борам со вас. Засега барам од сите кои не можат да бидат таму да застанеме рамо до рам во знак на солидарност со луѓето од Украина и да ја покажеме нашата поддршка за демократијата“, напиша таа.

    Актерката порано живеела со таткото во Украина и често престојуваше таму за да биде блиску до ќерката Кеј, која ја има со Кличко. Хејден и Владимир беа свршени, а во 2018 година раскинаа. Тие ја добија ќерката Кеј во 2014 година.

    Владимир Кличко, чиј брат Виталиј во моментот е градоначалник на Киев, главниот град на Украина, вчера на своите социјални мрежи му се обрати на целиот свет во врска со војната во неговата татковина. Тој порача дека руската агресија мора да престане што е можно поскоро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img