More

    Холандија му забрани на познатиот „теоретичар на заговори“ две години влез во Шенген зоната

    spot_img

    Холандската Влада му забрани на британскиот теоретичар на заговори, Дејвид Ајк, влез во Холандија и во Шенген-зоната на две години, поради стравувања дека неговото присуство може да го „наруши јавниот ред и мир”.

    Ајк на својата веб-страница објави писмо што вчера му било доставено од холандската Служба за имиграција, во име на државниот секретар за правда и безбедност, Ерик Ван дер Бург, со коментар дека се работи за забрана изречена од „фашистичкиот холандски режим”,

    Ајк е поранешен професионален фудбалер и телевизиски водител кој тврди дека со светот владеат рептили. Беше предвидено тој да зборува на протест во Амстердам против војната во Украина, холандската Влада и зголемувањето на цените на енергенсите.

    Полицијата во Амстердам стравува дека ќе дојде до немири, дури и доколку Ајк се обрати и преку видео-врска.

    „Со ова писмо Ве известувам дека на две години сте означени во Шенгенскиот информациски систем и дека не Ви е дозволен влез во Шенген-зоната”, се наведува во писмото, во кое уште се посочува дека со години Ајк е меѓународно признаен како промотор на теории на завера.

    Според холандските власти, присуството на Ајк би можело да доведе до немири во Холандија, во време на насилства и растечки закани по политичарите. Ова е вторпат властите во Хаг да воведуваат таква мерка, по забраната изречена во 2019 година за Стивен Андерсон, американскиот проповедник кој отворено се изјасни за ликвидација на хомосексуалците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img