More

    Хит-серијата од 28 март ексклузивно на каналот Суперстар

    spot_img

    Најгледаната српска серија „Тајната на виновата лоза“, која што ја следи приказната за комплицираните семејни односи и уметноста на производството на вино, се враќа на малите екрани со добро познатите ликови и нов заплет. Гледачите премиерно ќе може да уживаат во првата епизода од втората сезона во понеделник 28 март во 21 часот, а останатите 37 епизоди ќе се емитуваат секој работен ден во истиот термин на Суперстар каналот, кој што е дел од понудата на сателитската телевизија на Мтел.

    Популарната серија, работена во копродукција на Телеком Србија и MetRo Production, беше најгледана српска серија во изминатата година, а со причина ѝ припадна и наградата на Фестивалот за драма и серија (ФЕДИС).

    – Особено сме горди на тоа што серија од нашата продукција доживува голема популарност кај домашната публика. Серијата Тајната на виновата лоза ги надмина сите очекувања кога станува збор за гледаноста во Србија, а наградата на ФЕДИС само го потврди нејзиниот врвен квалитет. Покрај тоа, Телеком Србија излезе и на светскиот пазар со своите серии, а некои од нив веќе се емитуваат и остваруваат успех ширум светот. Иако до пред неколку години тоа изгледаше недостижна цел, нашата продукција сега успешно им конкурира на светските продукции како HBO – вели Владимир Лучиќ, генерален директор на Телеком Србија.

    Во новата сезона на „Тајната на виновата лоза“, Вук се бори со остатоците кои што ги влече од претходниот живот, додека Ружа и понатаму прави сѐ што може за да го зачува семејството. За тоа време, Вера забележува дека Вук не може да остане мирен и дека сѐ уште не расчистил со минатото. Зоран сака да направи ново вино, но, го губи чувството за занаетот кој што најмногу го сака. Целата втора сезона е преплетена со елементи на мистерија и трилер, со неочекувани пресврти, нови херои, величествени предели на лозови насади, тензични потраги за изгубеното и борба за зачувување на највредните односи.

    – Целиот креативен тим пред себе имаше голема одговорност втората сезона на Тајната на виновата лоза да ја достигне и да ја надмине приказната и изведувањето на првата сезона. Најгледаната серија за 2021/22 година е тешко бреме. Сите на свој начин се вложивме и мислам дека со новите заплети и старата енергија успеавме да направиме повторно, овој пат 38 епизоди кои што, се надевам ќе ги задоволи и забавува гледачите – изјави Дејан Караклајиќ, извршен продуцент и режисер на серијата.

    Низ оваа романтична и тензична винска сага снимена под режисерската палка на Ана Мари Роси, Горчин Стојановиќ, Дејан Каралајиќ и Марко Глушиќ не води исклучително врвна актерка екипа во чиј состав се имиња како Никола Којо, Слобода Мичаловиќ, Војин Четковиќ, Анита Манчиќ, Даре Џокиќ, Небојша Миловановиќ, Милица Зариќ, Сена Џоровиќ, Лука Грбиќ, Горана Султановиќ, Миодраг Мики Крстовиќ, Вања Ненадиќ и Марко Васиљевиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img