More

    Хитлер има поддржувачи и во германските безбедносни служби

    spot_img

    Во последниот извештај на германското Министерство за внатрешни работи што треба да биде објавен денеска се посочува дека во текот на последните три години во безбедносните служби во земјата се откриени 327 вработени што вршеле нелегални активности поврзани со ултра-десничарски екстремизам.

    Во документот чии делови објави агенцијата ДПА изготвен од Сојузното биро за заштита на уставниот поредок на Германија, се обработуваат ултра-десничарски активности за периодот од 1 јули 2018 до 30 јуни 2021 година.

    Според податоците во извештајот, безбедносно се обработени активности на поединци, групи, но и собири и протести на кои се манифестирани ултра десничарски активности, меѓу кои и јавни повици во кои се глорификува нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

    Германските безбедносни служби откриле бројни случаи на поврзаност на вработени во државните служби со ултра-десничарски екстремисти, нивно учество на собири, настани и членство во организации што се класифицирани како „ултра десничарска поткултура“.

    Во односниот период е спроведена безбедносна проверка на 860 вработени во германските безбедносни служби, а кај 38 отсто од случаите е утврдена основа за понатамошно постапување.

    Од службениците идентификувани како десничарски екстремисти 83 се лица вработени во Службата за воено контраразузнавање, 18 службеници на Сојузната полиција, четворица во Царинската служба, двајца во Федералната криминалистичка полиција и по еден вработен во Службата за внатрешно разузнавање, Службата за надворешно разузнавање и во полициските сили задолжени за обезбедувањето во Парламентот.

    За забранети ултра-десничарски активности се осомничени и триесет членови на групата „Рајхбургер“, чии следбеници ја отфрлаат легитимноста на модерната германска држава. Припадниците на тоа движење одбиваат да признаат легитимитет на државните власти и честопати одбиваат да плаќаат данок кон државата. Германските безбедносни служби проценуваат дека движењето брои околу 19 илјади членови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img