More

    Херд: Само сакам Џони да ме остави на мира, секој ден ми се заканува со смрт

    spot_img

    Амбер Херд изјави дека сака само Џони Деп „да ја остави на мира“ и дека при последното сведочење добила многу смртни закани во тужбата што против неа ја покренал поранешниот сопруг.

    „Редовно добивам стотици смртни закани, ако не и секој ден. Илјадници од почетокот на судењето. Луѓето се потсмеваат со моето сведочење за нападот. Се надевам дека никој нема да мора да помине низ нешто слично“, изјавила актерката (36).

    Таа истакна дека сака само „Џони да ја остави на мира“.

    Џони Деп (58) ја тужи Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека тоа му го уништило угледот и кариерата бидејќи во колумна објавена од Вашингтон пост во 2018 година напишала дека била изложена на семејно насилство за време на бракот, без да го спомене името на Деп.

    Херд поднела противтужба и бара отштета од 100 милиони долари поради тврдењата на поранешниот адвокат на Деп, Адам Валдман, дека нејзините наводи за злоупотреба се „измамни“.

    Нејзините адвокати ја повикаа назад на говорницата во четвртокот за да ја испрашаат за противтужбата. Таа вели дека страдала поради тврдењата на Волдман.

    „Луѓето сакаат да ме убијат и тоа ми го кажуваат секој ден. Луѓето сакаат да го стават моето бебе во микробранова печка и тоа ми го кажуваат“, рече Херд.

    Херд и Деп се запознаа на снимањето на „The Rum Diary“ и се венчаа во 2015 година. Херд поднесе барање за развод во 2016 година, а се разведе една година подоцна.

    Судењето трае веќе шест недели, а завршните зборови се очекуваат во петок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img