More

    Хектар засеана пченица ќе ги чини близу 100.000 денари

    spot_img

    Годинашната есенска сеидба земјоделците ќе ги чини многу повеќе од ланската. Грубите пресметки во кои влегуваат орање по хектар, подготовка на почвата, вештачки ѓубрива, семенски материјал, транспорт и гориво велат дека за хектар посеана пченица земјоделците треба да потрошат околу 100.000 денари.

    Трошоците за производство на пченица нагло се зголемија последната година. Tоа го покажуваат цените на семенскиот материјал, ѓубривата и горивата кои само во август забележаа голем скок.

    Пред почетокот на сеидбата, според податоците на Државниот завод за статистика од август минералните ѓубрива поскапеа за 63,4 отсто, семенскиот материјал за 12,6 отсто, цените на енергијата, горивата и мазивата забележаа раст од 114,8 отсто, а средствата за заштита на растенијата поскапеа за 7,6 отсто. Ако на ова се додадат и зголемените трошоци за одржување на опремата и зградите од 14,9 отсто и поскапите услуги за 32,7 отсто, земјоделците ќе треба добро да се пресметаат пред да започнат со сеидбата.

    Сето тоа влијае годинава сеидбата да биде многу поскапа од ланската, а земјоделците да губат интерес за оваа култура бидејќи крајната цена на пченицата не ги покрива нивните трошоци, а уште помалку им носи приход.

    За да ја завршат есенската сеидба на земјоделците, според грубите пресметки, ќе им бидат потребни најмалку 20.000 денари за орање. За семенски материјал ќе потрошат 12.000 по хектар, за ѓубрива од 18.000 до 23.000 денари. Заштитата на растенијата ќе ги чини 12.000 денари и прихраната 30.000 денари. Во овие пресметки влегува субвенционираната нафта за земјоделците.

    Дел од трошоците на земјоделците ќе им бидат покриени преку субвенции за минерални ѓубрива и зелена нафта. Годинава за пченица, јачмен, пченка, и други житни култури поддршката изнесува 1.413 денари по хектар, за минерални ѓубрива ќе добијат по 2.500 денари. Државата покрива и половина од цената на семенскиот материјал.

    – Нашите пресметки покажуваат дека со овие трошоци треба да обезбедиме 4 тони пченица по хектар, што ќе зависи од тоа каква ќе биде годината. Ако цената на пченицата и следната година се задржи на 20 денари ние ќе бидеме во зијан иако во пресметките не ја пресметуваме работната рака. Според тоа, ќе треба да бараме или поголема цена на пченицата или повисоки субвенции како основни така и дополнителни – вели Петре Стојкоски од Асоцијацијата на земјоделски производители.

    За земјоделците е проблем и тоа кој ќе работи на нивите.

    – Со сегашните цени производителите на пченица ќе бидат во загуба. Нивната производна цена ќе биде 25 денари по килограм следната година. Тоа значи дека е неисплатливо да се произведува жито. Тоа го увидоа и младите кои веќе не се заинтересирани да работат на нивите. Од година во година се намалува бројот на земјоделци. Последните години на нивите работат само земјоделци постари од 50 години, а младите заминаа во странство. Без стратегија како да се задржат и како земјоделците да се вратат на нивите ќе бидеме доведени во состојба да немаме домашно производство на храна – вели Ристо Велков од Синдикатот на земјоделци.

    Алармантно е тоа што површините под пченица од година во година бележат намалување. Во 2016 година под пченица биле 79.898 хектари, а во 2020 година оваа култура била застапена на 69.902 хектари. Годишно се произведуваат по околу 250.000 тони пченица.

    Лани се откупени околу 80.000 тони пченица од домашно производство, половина од тоа е од индивидуални земјоделски производители.

    Државата ја смета пченицата за стратешка и Министерството за земјоделство секоја година се обидува преку субвенционирање на земјоделците и други стимули да ги зголеми површините засеани со пченица, како и да ги зголеми приносите, но никако да го зголеми производството. Годишно во земјава се увезуваат 100.000 тони пченица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img