More

    Хартиените пари полека ќе си заминуваат од берзите

    spot_img

    Финансиските санкции врз Русија би можеле постепено да ја намалат доминацијата на доларот и да го поделат меѓународниот монетарен систем, изјави претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Гита Гопинат.

    – И во такво опкружување доларот би ја задржал позицијата на значајна глобална валута, но фрагментацијата, во најмала рака, дефинитивно е сосема можна – вели заменичката извршна директорка на ММФ во разговор за лондонскиот бизнис весник „Фајненшел тајмс“.

    Некои земји веќе преговараат за замена на валутите во кои го наплатуваат извозот, рече Гопинат, додавајќи дека зголемената употреба на други валути во глобалната трговија ќе резултира со поразновидни девизни резерви во централните банки.

    Според неа, војната во Украина ќе го забрза и преминот кон дигитални валути од обични криптовалути во криптовалути кои ќе бидат фиксирани со класичните валути и стоки, но и дигиталните варијанти на постоечките валути кои го издаваат централните банки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img